Неформален самит на лидерите на земјите на ЕУ во Салцбург-Австрија

Главни точки на дневниот ред на неформалниот состанок на шефовите на држави и премиери на земјите членки на Европската унија (ЕУ) кои се состанаа во Салцбург-Австрија се Брегзит (процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ) и илегалните имигранти

1053528
Неформален самит на лидерите на земјите на ЕУ во Салцбург-Австрија

Шефовите на држави и премиери на земјите членки на Европската унија (ЕУ) се состанаа на неформалниот состанок во австрискиот град Салцбург.

Главни точки на дневниот ред на неформалниот состанок се Брегзит (процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ) и илегалните имигранти. 

Пред неформалниот самит на ЕУ претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави за печатот дека  на денешната средба ќе ги достави предлозите на комисијата и рече: „Синоќа не беше постигнат забележлив развој. Мислам дека до крајот на годината ќе се постигне компромис по прашањето на заштитата на надворешните граници на Европската Унија (ЕУ)“.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека синиќа ги ислушале изјавите на британската премиерка Тереза Меј и застана во одбрана на тоа дека за грижите во врска со Брегзит треба да се постигне заедничко решение кое ќе биде во усогласеност со ставовите на 27-те земји членки и во интерес на сите страни. 

Тој подвлече дека до ноември треба да се донесе и одлуката во врска со Ирска.

Одговарајќи на едно поставено прашање во врска со различните мислења во Европската унија (ЕУ), Макрон рече: „Секогаш имало различни мислења тогаш кога требало да се донесат тешки одлуки во врска со ЕУ. Меѓутоа верувам дека во краткорочен и долгорочен период треба да ги браниме интересите на ЕУ.“

Домаќинот на неформалниот самит австрискиот премиер Себастијан Курц пак истакна дека мисли оти прашањето на миграцијата не може да се реши со распределба на имигранти во ЕУ, но дека  поради тоа што некои земји членки го бранат овој став неговата земја ќе продолжи да зазема место во програмата за распределба на имигрантите внатре во ЕУ.

Курц наведе дека проблемот може да се реши со заштита на надворешните граници на ЕУ и со соработката со трети земји.

Велејќи дека Египет е подготвена да разговара со ЕУ по прашањето на мигрантите, австрискиот премиер Себастијан Курц нагласи дека тоа претставува значаен развој кој што треба да се земе во предвид. 

 



Слични вести