Ангела Меркел задоволна од постигнатиот компромис помеѓу Ердоган и Путин за сириски Идлиб

Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт истакна дека германската канцеларка Ангела Меркел го изразила задоволството од постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија по прашањето на подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1053014
Ангела Меркел задоволна од постигнатиот компромис помеѓу Ердоган и Путин за сириски Идлиб

Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт во објавеното писмено соопштение потсети дека германската канцеларка Ангела Меркел вчера оствари телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и истакна дека во разговорот станало збор за ситуациите во Сирија и во источниот дел на Украина. 

Според Сеиберт, германската канцеларка Ангела Меркел го изразила задоволството од постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија по прашањето на подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Велејќи дека во врска со Сирија било разговарано за ситуацијата по постигнатиот компромис на 17 септември помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за формирање на демилитаризирана тампон зона во подрачјето на Идлиб, Сеиберт рече: „Канцеларката Меркел чувствува задоволство од напорите во правец на спречување на порастот на воената затегнатост и заштитата на цивилното население.“

Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт додаде дека двајцата лидери Путин и Меркел во остварениот телефонски разговор посветен на Украина пак ја потцртале потребата од брза и целосна имплементација на Договорот од Минск.



Слични вести