Адама Диенг: Повторната изградба на Сирија би можела да трае и половина век

Специјалниот советник на генералниот секретар на ОН по прашањето на спречување на геноцидите Адама Диенг истакна дека повторната изградба на Сирија каде што веќе подолго од 7 години продолжува да се води граѓанска војна би можела да трае и половина век

1053314
Адама Диенг: Повторната изградба на Сирија би можела да трае и половина век

Специјалниот советник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) по прашањето на спречување на геноцидите Адама Диенг одржа конференција за претставниците на печатот во седиштето на светската органзиација во Њујорк и притоа истакна дека повторната изградба на Сирија каде што веќе подолго од 7 години продолжува да се води граѓанска војна би можела да трае половина век.

Диенг во својата проценка во врска со Сирија воедно истакна дека го дочекува со задоволство постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија и изрази надеж дека сите страни ќе се придржуваат кон постигнатиот договор.

Нагласувајќи дека мирот не значи само да сер сстави крај на судирите туку дека тогаш кога ќе се нормализира состојбата во земјата на местото на секташките поделби како што се сунити, шиити, алевити и христијани сите Сиријци треба повторно да ја изградат својата земја, специјалниот советник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) по прашањето на спречување на геноцидите Адама Диенг рече: „Повторната изградба на Либан траеше повеќе од 25 години и се плашам дека повторната изградба на Сирија би можела да трае и половина век.“



Слични вести