Путин и Меркел разговараа телефонски за прашањето со Сирија

Во објавеното соопштение од Кремљ се истакнува дека во остварениот телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел станало збор за решението на сириското прашање

1052848
Путин и Меркел разговараа телефонски за прашањето со Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа телефонски за прашањето со Сирија.

Во објавеното соопштение од Кремљ се истакнува дека во остварениот телефонски разговор помеѓу Путин и Меркел станало збор за решението на сириското прашање.

Во соопштението се вели дека Путин ја информирала Меркел за потпишаниот меморандум за согласност помеѓу Турција и Русија на крајот на одржаната средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Сочи, а во врска со стабилизацијата на ситуацијата во „областа за намалување на затеганатоста во подрачјето на Идлиб“.

Освен тоа се додава дека во телефонскиот разговор станало збор и за кризата со Украина, како и за негативната тенденција на светските финансиски пазари.



Слични вести