Американскиот полковник Рајан: Ние сме приврзани кон постигнатата патна карта со Турција во Менбич

Полковник Шон Рајан истакна дека остануваат приврзани кон постигнатата патна карта со Турција во Менбич и рече: „Таму има многу мал број членови на ЈПГ (сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК). ЈПГ нема да биде дел од Менбич

1052456
Американскиот полковник Рајан: Ние сме приврзани кон постигнатата патна карта со Турција во Менбич

Портпаролот на коалицијата предводена од САД во борбата против ДЕАШ полковник Шон Џ. Рајан преку видео конференција учествуваше на еден состанок на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) при што изнесе низа проценки во врска со операциите против терористичката организација ДЕАШ кои што продолжуваат во Сирија и Ирак.

Полковник Шон Џ. Рајан истакна дека остануваат приврзани кон патната карта во Менбич за која е постигнат компромис со Турција и рече: „Во Менбич има многу мал број членови на ЈПГ (сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК). ЈПГ нема да биде дел од Менбич.“

Појаснувајќи дека е дојдено до последната фаза во борбата против ДЕАШ во Сирија, Рајан тврдеше дека во долината на Среден Еуфрат која коалицијата предводена од САД се обидува да ја заземе од ДЕАШ се наоѓаат 1.500 до 2.000 припадници на оваа терористичка организација.

На прашањето „Во која фаза се наоѓа имплементацијата на патната карта за Менбич за која САД и Турција постигнаа компромис“, полковник Рајан истакна дека безбедносните сили на двете земји го реализираа 46-тото независно/координирано патролирање, дека овие патролирања придонесуваат за стабилноста во регионот и дека воедно продолжуваат и обуките за реализација на заеднички патролирања.

На поставеното прашање „Дали во Менбич се наоѓаат елементи на (сепаратистичко-терористичката организација) ЈПГ/ПКК“ пак Рајан одговори со следните зборови: „Колку што можам да согледам во Менбич има многу мал број на припадници на ЈПГ. Ние сме приврзани кон договорот, ЈПГ нема да биде дел од Менбич.“

Од друга страна, портпаролот на коалицијата предводена од САД во борбата против ДЕАШ полковник Шон Џ. Рајан ги одмина поставените прашања во врска со формирањето на демилитаризирана зона во Идлиб од страна на Турција и Русија, туку само истакна дека коалицијата не е дел од договорот, но дека доколку овој договор се применува ќе може да се спречи евентуалната човечка трагедија.

Полковник Рајан избегна да одговори на прашањето во врска со тоа „Дали коалицијата го дочекува со задоволство договорот“ и рече: „Она што го посакуваме ние е да се изнајде соодветно политичко решение кое ќе ги спаси животите.“

Рајан одговори и на прашањето во врска со тоа дека „САД поставуваат радарски и ракетно-одбранбени системи во североисточниот дел на Сирија“ при што и покрај тоа што наведе дека САД радарските системи биле поставиле порано не сподели било какви информации во врска со тоа дали неговата земја поставува ракетно-одбранбени системи во подрачјата кои што ги контролира ЈПГ/ПКК.



Слични вести