САД изразија задоволство од постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија за сириски Идлиб

Еден портпарол од Стејт департментот во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија за формирање демилитаризирана зона во Идлиб истакна дека САД ќе чувствуваат задоволство од секој вид искрен напор што ќе го намали насилството во Сирија

1051642
САД изразија задоволство од постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија за сириски Идлиб

САД соопштија дека ќе чувствуваат задоволство од секој вид искрен напор што ќе го намали насилството во Сирија.

Еден портпарол од американскиот државен секретаријат направи проценка во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија по прашањето на подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Портпаролот кој побара да остане анонимен укажа на тоа дека САД не се вклучени во преговорите помеѓу турските и руските власти.

Истиот портпарол рече: „Охрабрени сме од тоа што гледаме дека Турција и Русија фрлаат чекори во правец на за спречување на евентуалниот воен напад од страна на Асадовиот режим и неговите сојузници. Го дочекуваме со задоволство секој искрен напор што ќе го намали насилството во Сирија. Се надеваме дека деескалацијата (во Идлиб) ќе биде трајна.“

Привлекувајќи внимание дека евентуалниот напад од страна на Асадовиот режим врз Идлиб ќе стане причина за сериозни рушења и во овој град и во подрачјето, портпаролот на американскиот Стејт департмент рече: „Продолжува нашата загриженост во врска со акциите за дестабилизација на Асадовиот режим во Идлиб и во други места. Затоа ќе продолжиме да ги следиме одблизу ситуацијата во регионот и чекорите на режимот.“



Слични вести