Поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во Нигерија одзедоа повеќе од 100 животи

Во поплавите и надојдените води во Нигерија каде што две недели како продолжуваат непрекинато силни врнежи од дожд животот го загубија повеќе од 100 лица

1051490
Поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во Нигерија одзедоа повеќе од 100 животи

При излевање на две реки од своите корита поради силните врнежи од дожд во Нигерија животот го загубија повеќе од 100 лица.

Според веста на британската новинска агенција „ББС“, Агенција на националната управа за итна состојба (Нема) соопшти дека поради силните врнежи од дожд во земјата кои што продолжуваат во текот на две недели реките Нигер и Бенуе се излеале од своите корита.

Притоа во ненадејно надојдените води животот го загубиле повеќе од 100 лица и поплавите влијаеле негативно особено на руралните подрачја.

Директорот на Агенцијата на националната управа за итна состојба (Нема) Мустафа Јунус Маихажа истакна дека само во провинцијата Нигер животот го загубиле повеќе од 40 лица.

Како што се истакнува поплавите влијаеле негативно на уште 11 провинции.

Се вели дека поради поплавите исчезнале големи површини земјоделски поседи во централниот и јужниот дел на Нигерија и илјадници лица биле приморени да ги напуштат своите домови.

Надлежни предупредија дека поради тоа што во наредните денови и недели се очекува обилните врнежи од дожд да продолжат би можело да дојде до поголеми поплави.

Истите надлежни велат дека би можеле да прогласат и вонредна состојба.

Експерти нагласуваат дека штетите од надојдените води и поплавите се должат на недоволното планирање во земјата, блокирањето на водните патишта и лошите дренажни системи.

 



Слични вести