Еве што напишаа европските медиуми за самитот Ердоган-Путин за Идлиб во Сочи

Еве како информираа европските медиуми во врска со вчерашната средба помеѓу претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин во градот Сочи на која двајцата лидери постигнаа договор за формирање на демилитаризирана зона во подрачјето на Идлиб во Сирија

1051854
Еве што напишаа европските медиуми за самитот Ердоган-Путин за Идлиб во Сочи

Самитот помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во градот Сочи на црноморскиот брег зазеде широко место и во средствата за информирање во Европа.

Англија...

Англискиот весник „Гвардијан“ веста им ја соопшти на своите читатели под насловот „Русија и Турција за заштита на цивилите ќе формираат тампон зона во подрачјето на Идлиб во Сирија.“

Весникот „Фајненшл Тајмс“ истаакна дека Турција и Русија се договорија по прашањето на формирање на демилитаризирана зона. 

„ББС“ нагласи дека демилитаризираната тампон зона која ќе се формира во Идлиб ќе ги оддели еден од друг режимските сили и опозиционерите.

„Дејли Телеграф“ укажа на тоа дека Москва е желна по прашањето на зајакнување на односите со Турција.  

Еден друг англиски весник „Индепендент“ пак во однос на прашањето им оддели место на следните зборови на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган „Со овој договор ја спречивме човечката криза во Идлиб.“

Германија...

Германскиот весник „Цајт“ за средбата помеѓу Ердоган и Путин по прашањето на Идлиб напиша на својата интернет страница и притоа нагласи дека постигнатиот договор го покажува влијанието на Турција во регионот.

Весникот „Тагесшпигел“ претпочиташе да го објави насловот „Заеднички одговор за екстремистите во Идлиб“. 

Весникот „Франкфуртер Алгемајне“ пак привлече внимание дека меѓупросторот ќе ги оддели еден од друг режимските сили и опозиционерите.

Еден друг германски весник „Франкфуртер Рундшау“ напиша дека е спречен нападот на Идлиб, тврдината на опозиционерите.

Франција...

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакна дека Путин се договори со Ердоганза формирање на демилитаризирана зона во Идлиб, последната тврдина на опозиционерите во Сирија, на оддалеченост од 15-20 километри од областите кои ги држат под своја контрола.

Јавниот радиодифузен сервис Франс Инфо, соопшти дека Турција и Русија се договорија за спречување на нападот од страна на Аасадовиот режим во Идлиб, последната тврдина на опозиционерите.

Весникот „Ле Монд“ во веста што ја објави на својата интернет страница истакна дека Турицја и Русија се договорија за заедничко контролирање на подрачјето.

Јавниот радиодифузен сервис информативниот канал Франс 24 нагласи дека Ердоган и Путин со постигнатиот договор го спречија нападот на Идлиб.

Францускиот весник „Либерасјон“ напиша дека Ердоган го постигна потребниот договор за формирање на демилитаризирана зона почнувајкќи од 15 октомври, во Идлиб каде што Асадовиот режим веќе неколку недели се подготвува за напад врз опозиционерите. 

Австрија...

Австриската државна телевизија „ОРФ“ веста ја соопшти под насловот „Спогодба за демилитаризирана зона.“

Весникот „Ди Пресе“ им оддели место на следните зборови на претседателот Ердоган „Благодарение на постигнатата спогодба со Русија е спречена една голема катастрофа во Идлиб.“

Весникот „Ди Стандард“ пак информира дека со постигнатата спогодба помеѓу двете земји ќе се обезбеди екстремистичките групи во подрачјето да го напуштат Идлиб и дека ќе подрачјето ќе биде исчистено од тешкото оружје.

Во веста на еден друг австриски весник „Куриер“ им беше одделено место на изјавите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во однос на тоа дека со одлуката за формирање „демилитаризирана зона“ е спречена воената операција врз Идлиб.

Холандија... 

Јавниот информативен сервис во Холандија „НОС“ во веста во која истакна дека почнувајќи од 15 октомври подрачјето ќе се чува од страна на руски и турски војници напомена дека тоа претставува успех за Ердоган. 

Весникот „Де Волкскрант“ напиша дека Ердоган говори за нова надеж.

Холандскиот весник НРЦ пак, претпочиташе да го објави насловот „Руско-Турски договор: Нема да има напад на Идлиб.“ ж

Италија...

Италијанската агенција „АНСА“ напиша дека на Идлиб нема да се реализира нова воена операција од страна на режимските сили и нивните сојузници.

Весникот „Ла Стампа“ ги употреби следните зборови: „Подрачјето ќе се држи под контрола од страна на турските и руските војници.“

Весникот „Кориере дела Сера“ го избра насловот „Во Идлиб нема да има бомбардирање.“ 

Грција...

Грчкиот весник „Та Неа“ во веста што ја објави нагласи дека се предвидува да бидат оддалечени опозиционите групи и целото тешко оружје во подрачјето и да се формира демилитаризирана зона во широчина од 15-20 километри.  

Весникот „Катимерини“ им оддели место на следните зборови: „Во Идлиб во најмала рака засега се оддалечуваат стравувањата од доживување на голема катастрофа.“

Еден друг грчки весник „Ефимерида Синтактон“ пак истакна Ердоган и Путин се договорија по прашањето на формирање на демилитаризирана зона до 15 октомври.



Слични вести