ЕУ: Договорот за Идлиб треба да ја загарантира заштитата на животот на цивилите

Портпаролката на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич за новинската агенција Анадолија (АА) рече: „Очекуваме договорот да ги загарантира заштитата на животот на цивилите и непрестаното продолжување на хуманитарната помош.“

1051962
ЕУ: Договорот за Идлиб треба да ја загарантира заштитата на животот на цивилите

Европската унија (ЕУ) посака одлуката на Турција и Русија за формирање на демилитаризирана зона во градот Идлиб во Сирија „да ја загарантира заштитата на животот на цивилите.“

Портпаролката на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич во одговорот што го даде за новинската агенција Анадолија (АА) рече: „Очекуваме договорот да ги загарантира заштитата на животот на цивилите и непрестаното продолжување на хуманитарната помош.“

Коцијанчич потсети дека Европската унија (ЕУ) и претходно предупреди дека евентуалниот воен напад на Идлиб ќе го доведе во ризик животот на милиони цивили и дека ќе предизвика нова човечка катастрофа.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на средбата што ја остварија вчера во Сочи донесоа одлука за формирање на демилитаризирана зона во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.



Слични вести