Џевад Зариф: активната дипломатија ја сопре војната во подрачјето на Идлиб во Сирија

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека активната дипломатија ја сопре војната во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1051784
Џевад Зариф: активната дипломатија ја сопре војната во подрачјето на Идлиб во Сирија

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф објави соопштение на својата сметка на Твитер во врска со донесената одлука од страна на Турција и Русија за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб.

Зариф истакна дека активната дипломатија ја сопре војната во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Џевад Зариф напомена дека тројниот самит Турција-Русија-Иран во иранскиот главен град Техеран и како последно средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во градот Сочи и активната дипломатија ја сопреа војната во Идлиб и беше влијателна дипломатијата. 

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими исто така во објавеното писмено соопштение истакна дека ја дочекуваат позитивно донесената одлука помеѓу Турција и Русија во врска со Идлиб.

Касими потсети дека донесената одлука во Сочи претставува значаен чекор за целосно елиминирање на остатоците од терористите во Сирија и дека би можела да придонесе за изнаоѓање политичко решение.

Велејќи дека стопирањето на крвта и на секој вид насилство и исчистувањето на Идлиб од терористите е од основните принципи на надворешната политика на Иран, Бехрам Касими напомена дека состанокот во Сочи замајќи ги во предвид и хуманитарните елементи би можел да помогне за трајно воспоставување на мирот во Сирија.



Слични вести