Бројот на жртвите во ураганот Флоренс во САД се искачи на 23 лица

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер во дадената изјава за печатот истакна дека поради ураганот во оваа сојузна држава животот го загубија 17 лица, а во Јужна Каролина има 6 загинати

1051433
Бројот на жртвите во ураганот Флоренс во САД се искачи на 23 лица

Бројот на зaгинатите во ураганот Флоренс кој во петокот минатата недела ги погоди источните брегови на САД и кој потоа се претвори во „тропска депресија“ со послаба моќ се зголеми на 23 лица.

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер во дадената изјава за печатот истакна дека поради ураганот во оваа сојузна држава животот го загубија 17 лица.

Купер нагласи дека кризата продолжува и рече: „Разурнувачките поплави и силните ветрови сеуште се закануваат на животот на луѓето. Опасноста продолжува во голем број области на Северна Каролина.“

Од друга страна и градот Вилмингтон на крајбрежјето на Северна Каролина е затворен за влегување и излегување на возила. Помошта во градот се доставува по воздушен пат.

Во Јужна Каролина, друга сојузна држава која е погодена од ураганот се истакнува дека досега животот го загубија 6 лица.

Националниот центар за урагани претходно соопшти дека поради тоа што силата на ураганот Флоренс опадна до 56 километри на час ураганот е намален на ниво на „тропска депресија“, инаку категорија со сила најмногу до 60 километри на час.

Поради ураганот во Северна и Јужна Каролина се преплавени голем број куќи.

Надлежни предупредуваат дека височината на надојдените води од поплавите би можела да достигне до еден метар, додека во две сојузни држави повеќе од еден милион лица останаа без електрична енергија. 

Како што се истакнува ураганот Флоренс би можел да влијае негативно на животот на 10 милиони луѓе и се претпоставува дека може да предизвика штета од 170 милијарди долари.



Слични вести