Ураганот Флоренс во САД досега одзеде 17 животи

Надлежни соопштија дека поради поплавите и силните ветрови предизвикани од ураганот кој потоа се претвори во тропска депресија со послаба моќ во Северна Каролина досега животот го загубиле 11, а во Јужна Каролина 6 лица.

1050673
Ураганот Флоренс во САД досега одзеде 17 животи

Бројот на згинатите во ураганот Флоренс кој ги погоди источните брегови на САД се зголеми на 17 лица.

Надлежни соопштија дека поради поплавите и силните ветрови предизвикани од ураганот кој потоа се претвори во тропска депресија со послаба моќ, во Северна Каролина досега животот го загубиле 11, а во Јужна Каролина 6 лица.

Последната жртва било тримесечно бебе кое го загубило животот поради откорнато дрво кое што паднало врз куќата во кое живеело.

Поради ураганот голем број куќи биле преплавени со вода.

Надлежни ги предупредуваат граѓаните во Северна и Јужна Каролина да бидат подготвени пред ненадејните поплави.

Воедно се соопштува дека постепено се зголемува нивото на водата и во реката Кејп Феар во Северна Каролина и дека за еден или два дена оваа река може да го преплави своето корито.

Поради опасноста од поплави е издадено предупредување за евакуација на 2.800 куќи во околината на реката. 

Силниот ветар во градот Вилмингтон во Северна Каролина откорна голем број дрвја, поради надојдените води голем број куќи беа преплавени со вода и возачите тешко се движеа со своите возила по преплавените патишта.

Градската полиција соопшти дека биле притворени 6 лица за кои постои сомневање дека ограбиле еден супермаркет и една бензинска станица.

Поради силната бура беа откажани повеќе од две илјади авионски летови.

Како што се истакнува ураганот Флоренс би можел да влијае негативно на животот на 10 милиони луѓе и се претпоставува дека би можел да предизвика штета од 170 милијарди долари.

 



Слични вести