Бројот на загинатите во тајфунот Мангхут на Филипините се искачи на 64 лица, а 45 лица се водат како исчезнати

Филипинската полиција соопшти дека бројот на загинатите во тајфунот Мангхут на Филипините се зголеми на 64 лица, 45 лица се водат како исчезнати, а 33 лица се повредени

1050589
Бројот на загинатите во тајфунот Мангхут на Филипините се искачи на 64 лица, а 45 лица се водат како исчезнати

Бројот на загинатите во тајфунот Мангхут кој ги погоди северните брегови на Филипините и кој поради моќта се нарекува "супер тајфун“ се зголеми на 64 лица, а 45 лица се водат како исчезнати.

Филипинската полиција соопшти дека бројот на загинатите во тајфунот Мангхут се зголеми на 64 лица, 45 лица се водат како исчезнати, а 33 лица се повредени.

Како што се наведува поголемиот број од загинатите го загубиле животот во свечилиштата предизвикани од тајфунот, а биле погодени приближно 250 илјади лица.

Поголемиот дел од 38-те загинати во областа Бенгует која најмногу беше погодена од тајфунот го загубиле животот во две свечилишта до кои што дошло поради тајфунот и како што се вели не можат да се добијат информации од уште 37 лица во оваа област.

Моќта на тајфунот Мангхут опаднала до 100 километри на час по што го изгубил влијанието на Филипините и пристигнал во јужните делови на Кина и во Хонгконг.

Заедничкиот центар за предупредување од тајфуни на Хаваи претходно соопшти дека тајфунот кој се појавил во северниот дел на Пацификот потоа се претворил во „супер тајфун“ со сила на ураган од петта категорија.



Слични вести