Во Ирак постигната согласност за формирање влада

Според извори блиски на Садр, Амири го посети Садр во куќата во Неџеф

1048523
Во Ирак постигната согласност за формирање влада

Муктеда ес-Садр лидерот на победничката партија на изборите во Ирак која освои најмногу гласови на парламентарните избори постигна согласност за брзо формирање на владата со лидерот на коалицијата Фатах, Хади ел-Амири.

Според извори блиски на Садр, Амири го посети Садр во куќата во Неџеф.

На средбата беа разменети мислења во врска со активностите за формирање на владата која подолг период не можеше да се формира поради политичките недоразбирања.

Садр и Амири постигнаа согласност за формирање на најголемата коалиција со учество на коалициите Саирун и Фатах.

Од друга страна пак, по средбата меѓу Садр и Амири, во соопштението кое беше објавено од страна на коалицијата Насир чиј претседател е премиерот Хајдар ал-Абади, беше истакнато дека нивни кандидат е актуелниот премиер Абади.

И натаму продолжуваат недоразбирањата меѓу политичките групи околу кандидатите за премиер, претседател на собранието и претсдетаел на државата по парламентарните избори кои што се одржаа на 12 мај.

На седницата на собранието во сабота се очекува да се определат кандидатите за претседател и потпретседател на Собранието.

Најголемата коалиција која што ќе се формира ќе ја презеде задачата за формирање на новата влада во земјата.



Слични вести