ЕУ ги продолжи санкциите во врска со заканите врз територијалниот интегритет на Украина

Мерките кои содржат замрзнување на имотите и забрана на патување опфаќаат 155 лица и 44 установи

1048675
ЕУ ги продолжи санкциите во врска со заканите врз територијалниот интегритет на Украина

Европската унија (ЕУ) мерките и санкциите против лицата и установите кои се закануваат на територијалниот интегритет на Украина ги продолжи за уште шест месеци.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Советот на ЕУ, ограничителните мерки против сите оние чија цел се територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста  на Украина ќе продолжат се до 15 март 2019.

Мерките кои содржат замрзнување на имотите и забрана на патување опфаќаат 155 лица и 44 установи.



Слични вести