Во операциите во Худејде во Јемен загинаа и се ранети дестици лица, членови на Хусите

Во последните реализирани операции во Јемен каде што долги години се доживуваат политичка нестабилност и судири во градот Худејде во западниот дел на земјата загинаа и се ранети дестици лица, членови на Хусите

1046296
Во операциите во Худејде во Јемен загинаа и се ранети дестици лица, членови на Хусите

Во реализираните воздушни напади од страна на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија и операциите на јеменските владини сили во градот Худејде во западниот дел на Јемен загинаа и се ранети дестици лица, членови на Хусите.

Од страна на Хусите не е објавено било какво соопштение по ова прашање.

Во период додека продолжуваат да се водат жестоки судири помеѓу силите на јеменската армија и Хусите во градот Худејде пристигнуваат информации дека јеменската армија во последните недели постигнува напредок.

Хусите кои извршија воен удар врз легитимната власт во Јемен каде што долги години се доживуваат политичка нестабилност и судири од септември 2014 година досега ги држат под своја контрола главниот град Сана и други области на Јемен.

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија пак од март 2015 година и даваат поддршка на легитимната влада на Јемен.



Слични вести