Регионални и локални избори во Русија: Владејачката Партија „Обединета Русија“ го задржа водството

„Според прелиминарните резултати нашата партија го зачува своето водство во сите места каде што се одржаа избори во федерацијата“ - рече рускиот премиер Дмитриј Медведев

1046411
Регионални и локални избори во Русија: Владејачката Партија „Обединета Русија“ го задржа водството

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека на регионалните и локални избори во Русија неговата владејачка Партија „Обединета Русија“ го задржа водството и својата доминација на политичката сцена во Руската Федерација.

Медведев истакна дека неговата владејачка Партија „Обединета Русија“ е достојна и со право ги заслужува добиените резултати од одржаните регионални и локални избори.

„Според прелиминарните резултати нашата партија го зачува своето водство во сите места каде што се одржаа избори во федерацијата“ - рече рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Инаку, на крајот на неделата во Русија се одржаа регионални и локални избори на кои беа избрани новиот состав на регионалните и локалните собранија, новите градоначалници и новите гувернери на регии.

 



Слични вести