Протести ширум Русија поради нацрт-законот за зголемување на старосната граница за пензионирање

На повикот на Алексеј Навалниј, опозициски лидер активист илјадници руски граѓани во голем број градови, а пред се во главниот град Москва и во Санкт Петербург одржаа протести против нацрт-законот за зголемување на старосната граница за пензионирање

1046264
Протести ширум Русија поради нацрт-законот за зголемување на старосната граница за пензионирање

Во голем број градови на Русија илјадници лица одржаа протести против нацрт-законот за зголемување на старосната граница за пензионирање.

На повикот преку социјалните медиуми од страна на Алексеј Навалниј основачот на Фондот за борба против корупцијата и опозициски лидер активист кој пред извесно време беше осуден на 30 дена затвор, илјадници руски граѓани се собраа во голем број градови ширум земјата, а пред со во главниот град Москва и во Санкт Петербург.

Илјадници лица од кои мнозинството го сочинуваа млади на средношколска возраст протестираа против нацрт-законот за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Учесниците на протестите извикуваа слогани против рускиот претседател Владимир Путин и владата.

Притоа голем број лица беа притворени од страна на полицијата.

Нацрт-законот кој што предвидува почнувајќи од идната година старосната граница за пензионирање пестепено да се зголеми кај мажите од 60 на 65 години, а кај жените од 55 на 60 години, на 19 јули беше прифатен во Државната Дума, Долниот дом на рускиот парламент. 

Рускиот претседател Владимир Путин во изјавата што ја даде пред извесно време истакна дека одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање се одложува со години и застана во одбрана на тоа дека поради ова доцнење доаѓа до пораст на инфлацијата и сиромаштијата во земјата.



Слични вести