На изборите во Шведска левичарскиот блок е во тесно водство, а десницата во подем

На изборите во Шведска на прво место по бројот на освоени гласови со 26,2 насто се наоѓа Социјал-демократската партија (СД), а втора е екстремно-десничарската Партија „Шведски демократи“ со освоени 19,2 насто од гласовите на шведските бирачи

1046397
На изборите во Шведска левичарскиот блок е во тесно водство, а десницата во подем

Според неофицијални резултати на одржаните парламентарни и локални избори вчера во Шведска на прво место по бројот на освоени гласови со 26,2 насто се наоѓа Социјал-демократската партија (СД), а втора е екстремно-десничарската Партија „Шведски демократи“ со освоени 19,2 насто од гласовите.

Според анкетите, Социјал-демократската партија (СД) на чело со актуелниот шведски премиер Стефан Ловен и доколку би излегла прва од изборите во оваа состојба левичарскиот блок кој се наоѓа на власт се очекува да го заземе местото на десничарскиот блок.

На изборите во Шведска каде што гласаа приближно 7,5 милиони гласачи чинот на гласање заврши вчера во 20:00 часот според локално време.

Според неофицијални резултати кои што беа соопштени од страна на шведската државна телевизија СВТ, Социјал-демократската партија (СД) од левичарскиот блок освои 26,2 насто од гласовите. Другите партии во овој блок Еколошката партија на зелените (МП) освои 4,2 насто, а Левичарската партија 9-насто од гласовите.

Главната опозициона Конзервативна партија (М) освои 17,8 насто, а другите партии во блокот Либералната партија (Л) 5,5, Централната партија (Ц) 8,9 и Демохристијанската партија 7,4 насто од гласовите.

Внимание привлече тоа што на изборите екстремно-десничарската Партија „Шведски демократи“ процентот на своите освоени гласови го зголеми на 19,2 насто. На тој начин оваа партија освои колку и што се очекуваше според реализираните анкети пред изборите и се искачи на второ место по бројот на освоени гласови во земјата. Оваа партија исто така на одржаните избори во 2014 година освои 12 насто од гласовите на шведските бирачи и тогаш беше трета по бројот на освоени гласови.

Според неофицијални резултати на одржаните избори вчера во Шведска партиите од десничарскиот блок освоија 39,6 насто, а актуелната малцинска влада и партиите од левичарскиот блок кои се наоѓаат на власт освоија 39,4 насто од гласовите.

Партиите од десничарскиот блок во шведскиот парламент составен од вкупно 349 пратенички места ќе бидат претставени со 141 пратеник, а партиите од владејачкиот левичарски блок со 140 пратеници. 

Екстремно десничарската Партија „Шведски демократи“ пак ќе располага со 68 пратенички места. Оваа партија на претходните избори освои 20 пратенички места.

Според коментарите во шведските медиуми, доколку се добијат приближно овие резултати се очекува десничарскиот блок под водство на Конзервативната партија да формира малцинска влада.

Освен тоа се нагласува и тоа дека нема да се формира коалиција со екстремно десничарската партија.



Слични вести