Бројот на загинатите на протестите во Басра во последните 24 часа се зголеми на 7 лица

Портпаролот на ирачкото министерство за здравство Сеиф ел-Бедир во дадената ијава за локалните медиуми истакна дека бројот на загинатите во немирите кои што продолжуваат во градот Басра се искачи на 7 лица

1045837
Бројот на загинатите на протестите во Басра во последните 24 часа се зголеми на 7 лица

Бројот на загинатите во протестите кои што извесно време се одржуваат во градот Басра бигат со нафта на југот на Ирак поради лошите јавни услуги, невработеноста и корупцијата во последните 24 часа се зголеми на 7 загинати лица.

Портпаролот на ирачкото министерство за здравство Сеиф ел-Бедир во дадената ијава за локалните медиуми истакна дека бројот на загинатите во немирите кои што продолжуваат во градот Басра се искачи на 7 лица.

Бедир во претходно дадената изјава истакна дека во вчерашните протести животот го загубија 3 лица, а 50 лица се повредени.

Според последната изјава, бројот на загинатите демонстранти во огнот отворен од страна на безбедносните сили за време на протестите во градот Басра на југот на Ирак од 8 јули досега достигна до 30 лица.

Во градот Басра пред два месеци започнаа протести против лошите јавни услуги, невработеноста и корупцијата и овие протести во последните денови уште повеќе се интензивираа така што синоќа група демонстранти упаднаа во Генералниот конзулат на Иран и ја запалија зградата на конзулатот. 

За време на протестие во Басра претходно беа запалени и зградите на губернијата, државната телевизија, на некои шииски партии и на милициските сили.

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади на вонредната седница на парламентот што се одржа денеска предупреди дека настаните во Басра би можеле да се претворат во вооружени судири.    



Слични вести