Остра дискусија во СБ на ОН меѓу постојаните претставници на В. Британија, САД и Русија

На состанокот во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) посветен на Сирија во еден момент дојде до остра дискусија меѓу постојаните претставници на САД, Велика Британија и Русија

1044995
Остра дискусија во СБ на ОН меѓу постојаните претставници на В. Британија, САД и Русија

На состанокот во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) посветен на Сирија својот белег го удри острата дискусија меѓу постојаните претставници на САД, Велика Британија и Русија.

Земјите членки на Советот за безбедност на одржаниот состанок посветен на Сирија ја изразија својата загриженост од ситуацијата во оваа земја.

Тензијата во еден момент кулминираше со вербалниот дуел што започна меѓу постојаните претставници на САД, Велика Британија и Русија, во врска со постоењето на хемиско оружје во Сирија.

Постојаната претставничка на САД во ОН Ники Хејли ја обвини Русија за тоа дека се обидува да го одбрани режимот на Бешар Асад да положи сметка.

Велејќи дека постојат показатели во однос на тоа дека Асадовиот режим планира да употреби хемиско оружје за да заврши со опсадата на Идлиб, Хејли застана во одбрана на тоа дека Велика Британија, Франција и САД ќе ги преземат сите видови мерки во правец на спречување на употребата на хемиско оружје во Идлиб.

Рускиот постојат претставник во ОН Василиј Небензија пак одговори на овие обвинувања и рече дека властите во Дамаск не располагаат со хемиско оружје.

Велејќи дека некои западни земји за нападите кои што ги реализираат самите ја префрлаат одговорноста врз Дамаск и Русија, Небензија обвинувањата упатени кон неговата земја ги окарактеризира како провокативни.

Британската постојана претставничка во ОН Карен Пирс истакна дека чувствуваат загриженост од ситуацијата во Сирија и дека веруваат дека проблемот ќе се реши доколку земјите членки се однесуваат согласно договорот за забрана на хемиското оружје.

Пред да започне состанокот пак соопштение објавија 8 земји членки на Европската унија (ЕУ) кои истакнаа дека даваат поддршка на напорите кои што ги вложуваат Турција и Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање итно дипломатско решение.

Воедно 8-те земји на ЕУ предупредија дека евентуалниот напад врз Идлиб ќе стане причина за доживување на трагедија од аспект на хуманитарната ситуација и упатија повик до Русија и Иран во правец на постигнување прекин на огнот во Идлиб.



Слични вести