Група демонстранти запалија згради во Басра на југот на Ирак

Во градот Басра на југот на Ирак каде што се вади проближно 80-насто од ирачкта нафта од 8 јули досега се одржуваат протести против недостатокот од јавни слуги, невработеноста и корупцијата

1045555
Група демонстранти запалија згради во Басра на југот на Ирак

Група демонстранти во градот Басра на југот на Ирак ги запалија зградите на државната телевизија и на некои шиитски партии.

Група демонстранти за време на протестите кои што продолжуваат против недостатокот од јавни услуги, невработеноста и корупцијата во градот Басра влегоа во зградите на ирачката државна телевизија и организацијата Бедир. Демонстрантите додека ги палеа наведените згради беше запалено и едно возило за директен пренос на ирачката државна телевизија. 

Друга група демонстранти пак ги запалија зградите на проиранската Асаиб Ехлилхак која расолага со шиитси милициски сили, Високиот исламски совет и Струјата за нацинална доблест чиј лидер е Амар ел-Хеким.

Како што се дознава за време на протестите е запалена и зградата на Партијата на исламската кауза на Ирак чиј е член и ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади.

Снимките од чинот на палење на зградите за кои што станва збор беа споделени и преку социјалните медиуми.

Демонстрантите потоа тргнаа кон Генералниот конзулат на Иран во градот Басра.

Во Басра каде што се вади проближно 80-насто од ирачкта нафта од 8 јули досега се одржуваат протести против недостатокот од јавни слуги, електрична енергија и вода и невработеноста и корупцијата. 

Во последните денови се золеми насилството на протстите. Претседателот на Комесаријатот за човекови права во Басра Мехди Темими соопшти дека во огнот отворен од страна на безбедносните сили за време на протестите кои што беа одржани вчера во градот загина едно лице, а 25 лица се ранети. 

Група демонстранти кои излегоа на улица во градот Басра синоќа ја помна поставената бариера од страа на безбедносните сили и ја запалија зградата на локалната самоуправа.

Демонстрантите завчера упаднаа во зградата на губернијата и ја запалија и оваа зграда. Во немирите до кои што дојде беа повредени повеќе од 40 лица, по што Командата за операции во Басра прогласи забрана за излегување на улица во градот. 

 



Слични вести