Американскиот весник „Де Прес“: ФЕТО е организација формирана над една страотна идеологија

Во текстот на американскиот весник „Де Прес“ се подвлекува дека од кампот, односно поседот каде што живее терористичкиот водач на ФЕТО се слушаат пукотници од огнено оружје

1045124
Американскиот весник „Де Прес“:  ФЕТО е организација формирана над една страотна идеологија

Во еден текст објавен во весникот „Де Прес“ што се објавува во САД се нагласува дека Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО е организација формирана над една страотна идеологија. 

Во текстот се подвлекува дека од кампот, односно поседот каде што живее терористичкиот водач на ФЕТО се слушаат пукотници од огнено оружје.

Во текстот на овој весник воедно се упатуваат и низа прашања во врска со ФЕТО до американската управа.

Се истакнува следното: „Луѓето кои живеат во околината велат дека во последните денови се слушаат пукотници од огнено оружје или звуци слични со оние од петарди или огномет. Меѓутоа најстаотна точка по прашањето на овие звуци е тоа што овие звуци се слушаат во рафали, едно по друго како пуктници од автоматско оружје. Точно во оваа точка мештаните кои живеат во околината и не знаат за причината на овие звуци, почнува да ги обзема страв.“

Во текстот на весникот се изнесува констатацијата дека оваа организација е формирана над една доста страотна идеологија и се поставува прашањето „Дали сме безбедни?“

Се привлекува внимание и кон прашања во однос на тоа од чија страна се финансира сето тоа.

Весникот „Де Прес“ потсетува дека школите во САД со кои што управува Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО се истражуваат од страна на Федералното истражно биро (ФБИ), а воедно привлекува внимание дека директорот на едно од тие школи, инаку член на ФЕТО кој се обвинува за корупција избегал во Австралија.

Во текстот се упатуваат и низа прашања како што се: „Дали е точно тоа дека терористичкиот водач продолжува да купува недвижнини во оваа област? Дали имаат планови за ширење? Дали властите се во постојана комуникација со оние кои живеат во овој камп? Ако е ова верски камп, зошто постојат толку големи безбедносни мерки? Вооружени чувари, безбедносни камери, прозорци со огледала... Дали тие се потребни? Тоа буди сомнение и бараме одговор на сиве овие прашања за да бидеме ментално спокојни...“ 

 



Слични вести