САД го користат доларот за казнување на другите земји

Веднаш ги окончуваат сите банкарски трансакции и услуги кои се вршат со долари

1043437
САД го користат доларот за казнување на другите земји

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Соединетите Американски држави (САД) доларот го користат како средство за казнување на другите земји.

Во интервјуто за рускиот ТВ-канал Прв канал (Первиј Канал) Лавров рече дека доларот е еден од меѓународните девизни и финансиски системи. Дали е точно тоа? Да точно е. Сите тоа го прифатија. Десетици години живеевме со ова правило и се надевавме дека САД во својство на земја сопственик на главната валута, ќе ги изврши своите обврски.

За жал Вашингтон доларот го користи како средство за притисок и казнување на другите. Веднаш ги окончуваат сите банкарски трансакции и услуги кои се вршат со долари. И тоа не го прават само врз земјата која што сакаат да ја казнат, туку истовремено и врз земјите кои што имаат односи со земјата цел на казнување, рече Лавров.



Слични вести