Повик од ОН до Ердоган и Путин за изнаоѓање решение на ситуацијата во Идлиб

Гласноговорникот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ изјави дека се во висока алармантна состојба наспроти евентуалната операција на силите на режимот на Бешар Асад и негови поддржувачи на Идлиб

1043299
Повик од ОН до Ердоган и Путин за изнаоѓање решение на ситуацијата во Идлиб

Стефан де Мистура специјалниот претставник на ОН за Сирија упати повик до претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин за што поскоро изнаоѓање решение на ситуацијата во Идлиб.

На прес конференцијата што ја одржа во Женева Мистура на двајцата лидери им се обрати со следните зборови:

Вие сте лица кои одржувате меѓусебни контакти. Разговарајте и изнајдете решение на кошмарот. Телефонскиот разговор што ќе го остварите може да предизвика значајни промени пред состанокот во Техеран закажан за 7 септември.

Од друга страна пак, гласноговорникот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ изјави дека се во висока алармантна состојба наспроти евентуалната операција на силите на режимот на Бешар Асад и негови поддржувачи на Идлиб во северозападна Сирија.

Дујариќ на дневната брифинг за печатот се осврна на вчерашната руска воздушна операција на Идлиб.

Во вчерашната воздушна операција на Русија на Идлиб и Хама има загинати и повредени, а исто така се оштетени некои цивилни објекти како што се училишта и маркети, рече Дујариќ. ОН уште еднаш ја изнесува загриженоста од евентуално влошување на состојбата во Идлиб и зголемување на воената напнатост во регионот која може да предизвика уште поголема загриженост од евентуалните разурнувачки активности.



Слични вести