Ариф Алви избран за нов претседател на Пакистан

Согласно објавените неофицијални резултати од страна на Врховната изборна комисија на Пакистан, Ариф Алви од вкупно 660 освои 353 гласа со што ги остави зад себе своите двајца противници и се стекна со право да седне на претседателската фотелја

1043879
Ариф Алви избран за нов претседател на Пакистан

Според резултатите од одржаните избори во ист момент во 6 одделни собранија во Пакистан за нов 13-ти претседател на земјата е избран Ариф Алви, едниот од основачите на Движењето за правда на Пакистан (ПТИ).

Согласно објавените неофицијални резултати од страна на Врховната изборна комисија на Пакистан, Ариф Алви од вкупно 660 освои 353 гласа со што ги остави зад себе своите двајца противници и се стекна со право да седне на претседателската фотелја. 

На тој начин Ариф Алви стана прв политичар кој е избран за претседател на Пакистан од една различна политичка партија надвор од Народната партија на Пакистан и Муслиманската лига-Наваз на Пакистан од кои досега беа избрани 7 мина претседатели.

Новоизбраниот пакистански претседател Ариф Алви кој по професија е стоматолог исто како и неговиот татко, освен како политичка личност е познат и по неговите активности кои што го води особено во однос на чистата животна средина, чистата вода за пиење и обновата на школските згради.

Инаку, претседателските избори во Пакистан се одржуваат во ист момент во 6 одделни собранија и тоа во двата дома на Парламентот, Сенатот и Националното собрание, како и во четири регионални собранија, и тоа на провинциите Синд, Белуџистан, Пенџап и Хајбер Пактунва.

Новоизбраниот претседател на Пакистан Ариф Алви својот 5 годишен претседателски мандат ќе го започне на 9 септември кога му истекува мандатот на актуелниот претседател Мемнун Хусејин.



Слични вести