Пофалби од Иран за Турција

Ставот на турскиот народ против американските економски репресии претставува достоен пример

1042927
Пофалби од Иран за Турција

Алаадин Буруџерди членот на Собраниската комисија за национална безбедност и надворешна политика на Иран рече дека турскиот народ со цврстиот став против американските економски репресии ја сочува националната валута.

Алаадин Буруџерди во изјавата за Иранската студентска новинска агенција (ИСНА) рече дека Турскиот народ и покрај американските репресии ја сочува националната валута.

Ставот на турскиот народ против американските економски репресии претставува достоен пример, рече Буруџерди потенцирајќи дека со паѓањето на вредноста на турската лира, граѓаните почнаа да ги палат доларите. Овој симболичен став претставува јасен показател за поддршката на народот на државата и заштита на националната чест.

Во девизната криза која продолжува во Иран,  за жал не беше покажан истиот став и чувствителност како турскиот народ кој ја сочува националната валута, рече Буруџерди.



Слични вести