Во Киргистан заврши 6. Самит на претседатели на Турскиот совет

На крајот на 6. Самит на претседатели на Турскиот совет што се одржа во Киргистан беше објавена завршна декларација

1042272
Во Киргистан заврши 6. Самит на претседатели на Турскиот совет

Заврши 6. Самит на претседатели на Турскиот совет чиј домаќин беше привремениот претседавач Киргистан.

Во завршната декларација која што беше потпишана по самитот што се одржа во Културниот центар Рух Ордо во градот Чолпон-Ата на тема „Младина, соработка и национален спорт“ се истакнува дека за генерален секретар на Турскиот совет е назначен поранешниот амбасадор на Казахстан во Техеран Багдад Амрејев. 

Амрејев исто така во дадената изјава за новинарите истакна дека е потпишана завршната декларација на Турскиот совет која што ги содржи значајните активности и акциониот план за во иднина, а воедно рече: „На самитот Унгарија се стекна со статус на земја посматрач. Братскиот унгарски народ верува дека неговите корени се наоѓаат на пространите степи. Тоа е и точно. И ние многу сме радосни поради тоа што Унгарците не ги заборавиле своите предци.“

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амрејев напомена дека се надева оти во скоро време ќе биде прифатено и членството на Узбекистан кој учествуваше на овој самит.

Инаку, на 6. Самит на претседатели на Турскиот совет освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, киргискиот претседател Соронбај Џенбеков, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, во својство на почесни гости учествуваа и претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така ја заврши својата посета на Киргистан и се враќа во Турција.

Ердоган од меѓународниот аеродром Манас во Бишкек беше испратен од страна на голем број функционери.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата посета на Киргистан беше придружуван од страна на неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук, министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу, министерката за трговија Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан, претседателот на Националната разузнавчка служба МИТ Хакан Фидан, портпаролот на претседателството Ибрахим Калин и потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз.  

 

 



Слични вести