Во Ирак формирана најголемата парламентарна коалиција за состав на новата влада

За составување на новата ирачка влада е формирана најголемата коалиција во која освен коалициите Саирун, Наср, Национална доблест, Ватаније и Одлука се вклучени и Ирачкиот туркменски фронт и арапските пратеници од Киркук

1042017
Во Ирак формирана најголемата парламентарна коалиција за состав на новата влада

Победникот на одржаните парламентарни избори во мај во Ирак Муктеда ес-Садр, актуелниот ирачки премир Хајдар ел-Ибади, Амар ел-Хеким еден од шиитските лидери, поранешниот премиер Ијад Алави и ирачкиот потпретседател Усаме Нуџејфи во рамките на работите за составување на новата влада ја формираа најголемата парламентарна коалиција.

Во објавеното соопштение од политичките партии се истакнува дека за составување на новата ирачка влада е формирана најголемата коалиција во која освен коалициите Саирун, Наср, Национална доблест, Ватаније и Одлука се вклучени и Ирачкиот туркменски фронт и арапските пратеници од Киркук.

Во соопштение се наведува дека се обезбедени 166 пратеници колку што се неопходни за составување на новата ирачка влада.

Во оваа најголема парламентарна коалиција учествуваа 177 пратеници, односно 11 пратеници повеќе од неопходната бројка од 166 пратеници и во коалицијата учествуваат доволен број пратеници за составување на новата влада на Ирак.



Слични вести