Расте бројот на загинатите во судирите во либискиот главен град Триполи

Бројот на загинатите во меѓусебните судири помеѓу бригадите во склопот на либиската влада на национално единство во главниот град Триполи се зголеми на 41 лице, 128 лица се ранети, а 8 лциа се водат како исчезнати

1042454
Расте бројот на загинатите во судирите во либискиот главен град Триполи

Во меѓусебните судири помеѓу бригадите во склопот на либиската влада на национално единство во главниот град Триполи кои што 8 дена како продолжуваат животот го загубија 41 лице, 128 лица се ранети, а 8 лциа се водат како исчезнати. 

Во објавеното писмено соопштение од надлежниот оддел на министерството за здравство на владата на национално единство се истакнува дека бројот на загинатите во судирите се зголеми на 41 лице, 128 лица се ранети, а 8 лица се водат како исчезнати. 

Од друга страна, претседателот на Претседателскиот совет на владата на национално единство Фаиз ес-Сераџ го назначи командантот на силите за борба против тероризмот Мухаммед ез-Зејн по прашањето на активностите за постигнување прекин на огнот.

Главниот град на Либија Триполи една недела како станува сцена на меѓусебни судири помеѓу бригадите во склопот на владата на национално единство.

Претседателскиот совет на владата на национално единство поради судирите коио што се водат денеска прогласи вонредна состојба во главниот град Триполи и околината.



Слични вести