Пожар во националниот музеј во Рио де Жанеиро

Во зградата стара 200 години и која во минатото се користеше како станбен објект на португалското кралско семејство се наоѓаат над 20 милиони експонати

1041937
Пожар во националниот музеј во Рио де Жанеиро

Во најголемиот и историски музеј на Бразил, Националниот музеј во Рио де Жанерио избувна пожар.

Продолжуваат активностите на пожарникарските екипи за гаснење на пожарот.

Сеуште не е позната причината за пожарот кој избувна вчера недела во музејот, а кој беше затворен за посетителите.

Во зградата стара 200 години и која во минатото се користеше како станбен објект на португалското кралско семејство се наоѓаат над 20 милиони експонати.

Претседателот Мајкл Темер на постот што го објави преку профилот на твитер истакна дека денес е тажен ден за сите граѓани на Бразил. Вредноста и значењето на нашата историја не може да се мери со штетата што ја претрпе зградата.



Слични вести