САД целосно ја прекинаа помошта за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА)

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт изјави дека нејзината земја целосно ја прекинува помошта за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА)

1041437
САД целосно ја прекинаа помошта за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА)

САД додадоа уште еден нов чекор на нивните чекори против Палестина.

Американскиот претседател Доналд Трамп кој најпрвин истакна дека се оди на кратење на помошта за Палестина, сега целосно ја прекина помошта за палестинските бегалци која ја доставува преку Обединетите Нации (ОН), односно Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Изјавата пристигна од страна на портпаролката на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Хедер Науерт.

Науерт соопшти дека нејзината земја ја прекина помошта за палестинските бегалци што ја доставува преку Обединетите нации (ОН). 

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт при објаснување на причината за оваа одлука застана во одбрана на тоа дека Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) е виновна до непоправлив степен.

„Основниот работен модел и фискални пракси кои со години ја обележуваа работата на Агенцијата се едноставно неодржливи и веќе низа години се во кризна состојба“, изјави Науерт.

Инаку, Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) им доставува помош на приближно 5 милиони Палестинци.

САД досега беа најголем донатори на Агенцијата на која годишно и доставуваа помош од 350 милиони долари, или околу една четвртина од нејзиниот вкупен буџет.

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) претходно предупреди дека веројатно ќе се соочи со уште поголеми тешкотии доколку САД одлучат да ја прекинат помошта за Агенцијата.



Слични вести