Укинат натпреварот за најдобра карикатура на Хазрети Мухамед во Холандија

Герт Вилдерс на постот на социјалната мрежа напиша дека во опасност била безбедноста на цела Холандија, а не само неговата

1040764
Укинат натпреварот за најдобра карикатура на Хазрети Мухамед во Холандија

Укинат натпреварот за најдобра карикатура на Хазрети Мухамед во Холандија која се планираше да се одржи од страна на лидерот на екстремно десничарската Партија на слободите (ПВВ) Герт Вилдерс.

Вилдерс во пораката што ја објави преку социјалната мрежа истакна дека натпреварот за најдобра карикатура на „Хазрети Мухамед“ се укинува поради безбедносни причини.

Вилдерс на постот напиша дека во опасност била безбедноста на цела Холандија, а не само неговата.

Во продолжение Герт Вилдерс напиша дека ќе продолжи со борбата против исламот и дека ниту една закана не ќе може да го спречи.

Лидерот на холандската Партија на слободите Вилдерс во јуни имаше најавено дека ќе одржи натпревар за најдобра карикатура на Хазрети Мухамед.

Апликациите ќе завршеа на 31 август и натпреварот ќе се одржеше на 10 ноември, рече екстремно десничарскиот политичар потенцирајќи дека досега се обратиле над 200 лица и износот на наградата изнесува 10 илјади долари.

Оваа најава на Вилдерс предизвика големи реакции кај муслиманите во светот.



Слични вести