Трамп се закани со повлекување од Светската трговска организација (СТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација (СТО) доколку не види подобрување во начинот на работа на оваа организација

1040528
Трамп се закани со повлекување од Светската трговска организација (СТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за агенцијата „Блумберг њуз“ застана во одбрана на тоа дека Светската трговска организација (СТО) треба да се однесува подобро кон САД и се закани со повлекување од оваа организација.

Во веста на агенцијата им се одделува место на следните зборови на Трамп: „Доколку не видам подобрување во начинот на работа ќе се повлечам од Светската трговска организација.“

Американскиот претседател Доналд Трамп во дадената изјава минатата недела исто така тврдеше дека Светската трговска организација (СТО) со години се однесува лошо кон САД и застана во одбрана на тоа дека организацијата треба да го подобри начинот на работа.

Воедно и американскиот претставник за трговија Роберт Лајтхајзер во дадената изјава во јануари наведе дека приемот на Кина во членство во Светската трговска органзиација (СТО) во 2001 година претставуваше грешка.

Експерти нагласуваат дека доколку САД кои се предводници во формирањето на мултилатералниот систем за слободна трговија се повлечат од Светската трговска организација (СТО) тоа ќе влијае негативно на глобалната економија и слободната трговија, а пред се на САД.

 



Слични вести