Меѓународната агенција за атомска енергија: Иран се придржува кон условите на нуклеарниот договор

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) истакна дека Иран се придржува кон условите на постигнатиот нуклеарен договор познат под името Заеднички сеопфатен план за акција

1040568
Меѓународната агенција за атомска енергија: Иран се придржува кон условите на нуклеарниот договор

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во извештајот што го подготви во врска со нуклеарните активности на Иран привлече внимание дека на инспекторите во склопот на постигнаиот нуклеарен договор и дополнителните протоколи им било обезбедено пристап до сите постројки во Иран кои што требало да се контролираат.

Агенцијата истакна дека Иран се придржува кон условите на постигнатиот нуклеарен договор познат под името Заеднички сеопфатен акционен план.

Инспекторите потврдија дека резервите на Техеран на тешка вода и ниско збогатен ураниум се во утврдените граници во рамките на договорот. 

Инаку, меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Велика Британија, Кина, Франција и Русија) како и Германија  на 14 јули 2015 година во австрискиот главен град Виена беше потпишан нуклеарен договор познат под името Заеднички сеопфатен акционен плана.

Пред неколку месеци пак американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од постигнатиот нуклеарен договор со Иран и на 7 јули ги стави во примена едностраните санкции против Техеран.

Другите земји потписнички на нуклеарниот договор и Иран ги продолжуваат разговорите за продолжување на нуклеарниот договор.



Слични вести