Џевад Зариф: Американците покажаа дека не признаваат граница во вршење притисок

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека САД за стекнување со привилегии не се воздржуваат од вршење притисок дури и врз своите сојузници

1040238
Џевад Зариф: Американците покажаа дека не признаваат граница во вршење притисок

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф кој престојува во посета на Анкара каде што остварува низа разговори во дадената изјава за иранската официјална новинска агенција ИРНА истакна дека САД за стекнување со привилегии не се воздржуваат од вршење притисок дури и врз своите сојузници.

Зариф рече: „Американците покажаа дека не признаваат граница во вршење притисок и во обезбедување на привилегии во своја полза. Не ги држеа далеку од овие притисоци дури и своите сојузници.“

Џевад Зариф напомена дека Турција и европските земји кои се сојузници на САД дојдоа до заклучок дека вашингтонската управа не е доверлив партнер.

Изранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф упати пофалби на сметка на ставот на турските власти и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган против притисоците кои што САД ги применуваат врз Турција.

„И покрај тоа што притисоците на САД врз некои земји ќе имаат краткорочни влијанија, тоа ќе стане причина за зајакнување на односите помеѓу тие земји.“ - рече Зариф.



Слични вести