Руската армија се подготвува за најголемиот воен маневар во историјата

На воената вежба што ќе се одржи од 11 до 15 септември на источната страна на Русија и во Сибир ќе учествуваат и воени сегменти од Кина и Монголија

1039718
Руската армија се подготвува за најголемиот воен маневар во историјата

Руската армија се подготвува за најголемиот воен маневар од периодот на Советскиот сојуз и тоа со најмасовно учество на воен персонал.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу даде изјава во врска со воената вежба „Восток-2018“ во сибирскиот град Абакан.

Министерот Шојгу рече дека ова ќе биде најголема воена вежба од вежбата „Запад-81“ во периодот на Советскиот сојуз во 1981 година и то со најголемо учество на воен персонал од околу 300 илјади војници.

Во рамките на воената вежба која што ќе се оствари во источните и централните воени зони на земјата, ќе учествуваат Северната флота, пацифичката флота и сите воздушни сили.

На воената вежба што ќе се одржи од 11 до 15 септември на источната страна на Русија и во Сибир ќе учествуваат и воени сегменти од Кина и Монголија.

Воената вежба „Запад 2017“ која што лани Русија ја оствари со Белорусија, беше реализирана во близината на границата со Европа, и според официјални податоци, на вежбата учествуваа 12 700 војници.

НАТО остро реагираше на оваа вежба под изговор дека истата беше реализирана на источната граница на Алијансата и го изнесе тврдењето дека бројот на војниците кои што учествуваа на наведената вежба бил многу поголем.

Генералниот секретар на ОН Јенс Столтенберг ја критикуваше Русија поради недоволната транспарентност особено за време на воената вежба потенцирајќи дека НАТО не сака нова Студена војна.

Кон воената вежба на Русија реагираа и Полска, Литванија и Украина.



Слични вести