Христијаните во Камишли кај Хасеке во Сирија протестираа против терористичката организација ЈПГ/ПКК

Голем број христијани се собраа во населеното место Камишли кај Хасеке во Сирија кое се наоѓа под окупација на ЈПГ/ПКК и протестираа против оваа сепаратистичко-терористичка организација од чија страна пред извесно време им беа затворени две училишта

1039503
Христијаните во Камишли кај Хасеке во Сирија протестираа против терористичката организација ЈПГ/ПКК

Припадниците на христијаните во градот Хасеке во Сирија одржаа протест против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од чија страна им беа затворени училиштата.

Голем број христијани се собраа во населеното место Камишли кое се наоѓа под окупација на ЈПГ/ПКК и протестираа против оваа сепаратистичко-терористичка организација од чија страна пред извесно време им беа затворени две училишта. 

Учесниците на протестот бараа повторно да бидат отворени нивните затворени училишта од страна на ЈПГ/ПКК и извикуваа слогани.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во училиштата во местата кои што ги окупира три години како на учениците им всадува терористички мисли.

Родителите пак кои сакаат да ги држат далеку своите деца од пропагандите на оваа сепаратистичко-терористичка организација своите деца ги испраќаат во приватни училишта.

Меѓутоа терористите извршуваат упади и во овие училишта и применуваат методи на закана кон населението и нивно затворање.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК овие свои притисоци врз образованието  ги засили и на 10 август ги затвори и училиштата на Асирците во Дирик и Дирбесије во близина на населеното место Камишли кај градот Хасеке на северот на Сирија, веднаш во непосредна близина на границата со Турција.



Слични вести