Вчера делегација на американскиот Конгрес престојуваше во посета на Анкара

Членовите на Конгресот меѓудругото остварија средби и со генералниот секретар на Парламентарната асамблеја на НАТО Дејвид Хобс,

1038692
Вчера делегација на американскиот Конгрес престојуваше во посета на Анкара

Според дипломатски извори, делегацијата составена од членовите на Претставничкиот дом на САД Мајкл Тарнер, Џон Гараменди, Том Марино и заменик потсекретарот на американското министерство за одбрана Роберт Худ и персоналот на Претставничкиот дом, остварија средби во министерствата за надворешни работи и одбрана.

Членовите на Конгресот меѓудругото остварија средби и со генералниот секретар на Парламентарната асамблеја на НАТО Дејвид Хобс, го посетија Големото национално собрание на Турција, а во рамките на програмата Ф-35 ја посетија и Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТАИ).

Делегацијата претходниот ден ја посети Командата на копнените сили на НАТО во Измир (ЛАНДКОМ) и базата Инџирлик во Адана и на тој начин ја заврши програмата.



Слични вести