Меркел и Трамп разговараа телефонски за Сирија, меѓународните предизвици и трговски прашања

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт истакна дека дека Меркел и Трамп разговараа телефонски и дека во фокусот на разговорот беа случувањата во Сирија, актуелните меѓународни предизвици и трговски прашања

1038739
Меркел и Трамп разговараа телефонски за Сирија, меѓународните предизвици и трговски прашања

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претсеадтел Доналд Трамп водеа телефонски разговор посветен на случувањата во Сирија на чело со хуманитарната состојба во подрачјето на градот Идлиб.

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт истакна дека дека Меркел и Трамп разговараа телефонски и дека во фокусот на разговорот беа актуелните меѓународни предизвици и трговски прашања.

Велејќи „Канцеларката Меркел и претседателот Трамп ги споделуваат грижите во врска со случувањата во Сирија и особено хуманитарната состојба во подрачјето на Идлиб“, Сеиберт напомена дека во телефонскиот разговор беше упатен повик до Русија да го искористи својот авторитет над сирискиот режим и да го спречи зголемувањето на затегнатоста.  

Сеиберт додаде дека Меркел и Трамп разговараа и за прашањата со Украина и Западен Балкан.



Слични вести