Меркел: Не ми се допаѓа начинот на дискусијата во врска со Месут Озил во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека не и се допаѓа начинот на кој што се дискутира во нејзината земја во врска со германскиот фудбалер репрезентативец од турско потекло Месут Озил

1038004
Меркел: Не ми се допаѓа начинот на дискусијата во врска со Месут Озил во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел беше гостинка во програмата на првиот германски јавен телевизиски канал АРД каде што одговараше на поставените прашања во врска со актуелните случувања.

Меркел истакна дека не и се допаѓа начинот на кој што се дискутира во нејзината земја во врска со германскиот фудбалер репрезентативец од турско потекло Месут Озил кој поради расистичките напади на кои што беше подложен ја напушти германската фудбалска репрезентација. 

На потсетување дека германскиот претседател Франк-Валтер-Штајнмаер за време на минатонеделната негова средба со доселениците „Трпеза за кафе“ со зборовите „Нема граѓани од прв и граѓани од втор ред“ се изјасни против расизмот, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека и таа досега често им велела на младите од доселеничко потекло „Јас сум ваша премиерка“.  

Осврнувајќи се и на дискусијата што се води во врска со германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил, Меркел ја изнесе следната констатација: „Можно е да се располага со различни размислувања во однос на тоа дали фотографијата е правилна или погрешна. Меѓутоа начинот на дискусијата која што се водеше потоа делумно никако не ми се допадна.“

Ангела Меркел истакна дека располага со јасен став по ова прашање и рече: „Било Осил, било друг од доселеничко потекло доколку вели ’Кон мене не се однесуваат праведно во ова општество’, во најмала рака тоа треба да се земе во предвид и да се разговара за тоа.“

Инаку, германските фудбалери репрезентативци од турско потекло Месут Озил и Илкај Ѓундоган како и турскиот фудбалер репрезентативец кој игра во англиската Премиер лига Џенк Тосун во месец мај за време на една манифестација се состанаа со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Лондон со кого притоа се сликаа и му ги подарија своите дресови на претседателот Ердоган.

По оваа сликана фотографија Месут Озил и Илкај Ѓундоган беа подложени на расистички напади и критики во Германија кои што достигнаа дури и до кампањи за линчување.

Потоа поради овие расистички и дискриминаторски напади на кои што беше подложен по Светското фудбалско првенство ФИФА 2018 кое што се одржа во Русија, Месут Озил со објавата што ја испрати преку социјалната медија соопшти дека ја напушта германската фудбалска репрезентација.



Слични вести