Али Кади Аскер: Иран и Саудиска Арабија своите присутни проблеми можат да ги решат со дијалог
Али Кади Аскер, одговорен за иранските аџии и претставник на иранскиот верски лидер Хамнеи истакна дека Иран и Саудиска Арабија се две големи држави во регионот и дека присутните меѓусебни проблеми можат да ги решат по пат на дијалог и преговарање

Али Кади Аскер, одговорен за иранските аџии и претставник на иранскиот верски лидер Али Хамнеи одржа состанок за претставниците на печатот во Мекке-и Мукерреме и притоа истакна дека со функционерите на Саудиска Арабија со кои се состанале по повод обавувањето на верската должност аџилак оствариле конструктивни и корисни разговори.
Али Кади Аскер истакна дека Иран и Саудиска Арабија се две големи држави во регионот и дека присутните меѓусебни проблеми можат да ги решат самите по пат на дијалог и преговарање.
Укажувајќи на тоа дека функционерите на двете земји се приморени да се состануваат за организацијата на аџилакот, Аскер напомена дека исто така можат да разговараат и за решавање на своите присутни политички проблеми.
Али Кади Аскер се осврна и на тоа дека „непријателството и омразата не можат да овозможат Иран и Саудиска Арабија да ги постигнат своите регионални цели“ и притоа застана во одбрана на тоа дека во период кога раздорот наречен терористичка организација ДЕАШ го зафати Блискиот исток треба како што рече „да се оди по поголеми цели“ и дека треба да се формира регионална единство со соседните земји.
Али Кади Аскер, одговорен за иранските аџии и претставник на иранскиот верски лидер Али Хамнеи, нагласи дека саудиските функционери секоја година подготвуваат подобри услови за посетителите кои доаѓаат на светите места за обавување на својата верска обврска аџилакот.