СБ на ОН предупреди дека постои можност од нова војна во појасот Газа

За доставување хуманитарна помош во областа не треба да се изнесуваат никакви политички или безбедносни причини

1036481
СБ на ОН предупреди дека постои можност од нова војна во појасот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) предупреди дека постои голема веројатност да избувне нова војна во појасот Газа.

Заменик-генералниот секретар на ОН одговорна за политичките прашања Розмари ди Карло одржа говор на седницата на СБ на ОН посветена на Блискиот Исток.

Ди Карло рече дека во Газа постои закана од нова војна и гледано од аспект на човечката состојба, истата се повеќе се влошува како последица на ограничувањата и ембаргата на Израел.

За доставување хуманитарна помош во областа не треба да се изнесуваат никакви политички или безбедносни причини. Меѓународната заедница е во потрага по решение за кризата во Газа. И ние продолжувам со напорите за окончување на израелската окупација и постигнување решение кое ќе се заснова на две еднакви држави, рече Ди Карло.



Слични вести