Турско-американските односи поставени на маса во Вашингтон

Санкциите на претседателот Трамп на долгорочен план предизвикуваат загуба и штета на сопствените економски интереси

1036396
Турско-американските односи поставени на маса во Вашингтон

Напнатоста меѓу Турција и САД поставени на маса во Вашингтон.

Претседателот на Трговската комора на САД и Американско-турскиот деловен совет ги критикуваше санкциите на претседателот Доналд Трамп. Главен белег на заедничкиот панел на Институтот за глобални политики и Универзитетот Бахчешхир удри „дипломатијата“.

Трговската комора соопшти дека санкциите на претседателот Трамп на долгорочен план предизвикуваат загуба и штета на сопствените економски интереси.

На панелот на кој учествуваше амбасадорот на РТ во Вашингтон Сердар Килич, меѓу говорници се најдоа потпретседателот на комората на САД Куш Чокси и претседателот на Американско-турскиот деловен совет Хауард Бејзи.

Чокси во говорот рече дека санкциите на претседателот Трамп на долгорочен план предизвикуваат загуба и штета на сопствените економски интереси.

Чокси потенцираше дека Трговската комора на САД е против санкциите.

Спроведувањето политики кои ќе ги оддалечат глобалните сојузници може да предизвика неповолни последици за американските интереси, рече Чокси.

Претседателот на Американско-турскиот деловен совет Хауард Бејзи рече дека администрацијата на Трамп, економијата ја користи како средство за казнување при решавањето на политичките проблеми и прашања.

Како последица на санкционата криза, сто милиони долари не можат да дојдат во САД, рече Бејзи изнесувајќи го ставот страните треба да ги надминат постоечките проблеми за да не дојде до поголемо продлабочување на кризата.



Слични вести