Неколку ракети ја погодија дипломатската зона на авганистанскиот главен град

Владата во Кабул им нареди на безбедносните сили да одговорат со сета расположлива сила против каков било напад од вооружените групи

1035924
Неколку ракети ја погодија дипломатската зона на авганистанскиот главен град

Неколку ракети ја погодија дипломатската зелена зона на Кабул, главниот град на Авганистан, во моментот кога претседателот Мухамед Ешреф Гани ја упатуваше пораката за Курбан бајрам во Претседателскиот комплекс во близина на зоната.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на земјата, Наџиб Даниш, за АА изјави дека неколку ракети паднале во соседството на Вазир Акбар Кан, повредувајќи тројца полициски службеници. Даниш додаде дека еден од напаѓачите е убиен, додека другите двајца се опколени во празен објект од страна на безбедносните сили.

Никој не презеде одговорност за нападот.

Откако Талибанците не возвратија на понудата на авганистанските власти за прекин на огнот, Владата во Кабул им нареди на безбедносните сили да одговорат со сета расположлива сила против каков било напад од вооружените групи.

Во својот говор, Гани истакна дека ракетениот напад не може да ги исплаши Авганистанците кои сакаат мир во земјата.

Гани на Талибанците им понуди едностран условен прекин на огнот до три месеци, но вооружената група не одговори на понудата.



Слични вести