Во Ирак падна еден авион на коалиционите сили

Според првите сознанија постојат показатели дека авионот бил срушен од страна на непријателските сили

1035614
Во Ирак падна еден авион на коалиционите сили

Во авионската несреќа што се случи во Багдад, по падот на еден авион на меѓународните коалициони сили во борбата против ДЕАШ во Ирак предводени од страна на САД, загина еден војник.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на коалиционите сили беше истакнато дека во авионската несреќа која се случи за време на патролирањето на воздушниот простор во рамките на задачата предвидена со операциите во борбата против тероризмот, загина еден војник на коалиционите сили. Во несреќата има и повредени.

Според првите сознанија постојат показатели дека авионот бил срушен од страна на непријателските сили, додека веднаш по настанот, коалиционите сили навремено интервенираа и 3 од повредените по првата здравствена помош која им беше пружена на лице место, беа евакуирани и префрлени во болница за подобра хоспитализација.

Во врска со типот на авионот кој што се сруши, потеклото на коалиционите војници и бројот не беа дадени детални информации.

Портпаролот на меѓународните коалициони сили во борбата против ДЕАШ предводени од САД полковникот Шон Рајан во вчерашната изјава за печатот рече дека американските сили во Ирак ќе останат се додека се налага потреба за тоа.



Слични вести