Главна тема на претстојната средба меѓу Лавров и Чавушоглу ќе биде Сирија и Идлиб

Лавров рече дека САД презеде деструктивни акции во Сирија

1035605
Главна тема на претстојната средба меѓу Лавров и Чавушоглу ќе биде Сирија и Идлиб

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека во најскоро време ќе се состане со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Главна тема на разговорите на претстојната средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе биде последната состојба во Сирија и Идлиб.

Лавров во изјавата за печатот потсети дека Турција е една од земјите гаранти на преговарачкиот процес во Астана и дека ќе продолжи соработката со Турција во врска со мигрантите.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров остро реагираше на ставот на САД и ОН.

Лавров рече дека САД презеде деструктивни акции во Сирија, го одби планот за враќање на мигрантите во своите домови како и повторната изградба на Сирија.

Лавров ги обвини ОН за немо набљудување на активностите и реакциите на САД.



Слични вести