Авганистан објави прекин на огнот во борбата против Талибан

Во соопштението кое беше објавено од страна на Талибан беше истакнато дека по повод Курбан бајрам ќе ги пуштат на слобода заробениците

1035375
Авганистан објави прекин на огнот во борбата против Талибан

Претседателот на Авганистан Ешреф Гани рече дека објавиле примирје во борбата против Талибан.

Во говорот што го одржа на одбележувањето на 99-та годишнина од независноста на Авганистан, претседателот Гани рече дека по повод празникот Курбан бајрам прогласиле примирје во борбата против Талибан.

Претседателот Гани меѓудругото рече дека условниот прекин на огнот ќе почне денес и ќе трае се додека Талибан го почитува истиот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Талибан беше истакнато дека по повод Курбан бајрам ќе ги пуштат на слобода заробениците.

Меѓу заробениците се наоѓаат и припадници на безбедносните сили и процесот на прекин на огнот ќе продолжи беше истакнато во соопштението.



Слични вести