Значаен повик од ОН за окончување на судирите

Во судирите во 2017 година загинаа околу 43 илјади лица. 31 904 од загинатите беа цивили.

1033999
Значаен повик од ОН за окончување на судирите

ОН посочија на една многу впечатлива трагедија.

Само лани, како последица на експлозивните средства во војните и судирите загинаа околу 43 илјади лица. 3 од 4 жртви беа цивили.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош пред 19 август, Светскиот ден на хуманитарноста беше подвлечено дека се зголемија нападите врз невините цивили.

Според соопштението, во судирите во 2017 година загинаа околу 43 илјади лица. 31 904 од загинатите беа цивили. Во активностите за доделување хуманитарна помош загинаа 139 лица, 102 лица беа повредени. 72 хуманитарци и здравствени работници беа киднапирани.

ОН упатија повик за окончување на немилосрдноста во врска со убиствата на хуманитарците или нивно осакатување во конфликтните зони каде што ги остваруваат своите активности.

Во соопштението беше потсетено дека владите и недржавните вооружени групи имаат одговорност да ја заштитат цивилите, цивилната инфраструктура и хуманитарните работници.



Слични вести