Ватикан остро го осудува сексуалното злоставување на децата

Наведените страшни злосторства единствено можат да се опишат само со два збора: срам и жалење

1034127
Ватикан остро го осудува сексуалното злоставување на децата

Стотици католички свештеници во американската сојузна држава Пенсилванија извршија сексуално злоставување на над илјада деца.

По пријавувањето на злоставувањето, Ватикан објави соопштение преку кое остро реагираше против свештениците и потенцираше дека злоставувањето е кривично дело и од етички аспект треба да се осуди.

Директорот на канцеларијата за прес на Ватикан Грег Бурке во писменото соопштение истакна дела Ватикан остро го осудува сексуалното злоставување на децата.

Алудирајќи на извештајот за сексуално злоставување на децата, Бурке рече дека овие страшни злосторства единствено можат да се опишат само со два збора: срам и жалење.

Злоставувањата кои беа дефинирани во извештајот се кривични дела и истите од етички аспект треба да се осудат. Овој вид однесување преставува измама на довербата на личноста и верското убедување на жртвите, рече претставникот на Ватикан.



Слични вести